
Голем пожар во полициска зграда во Египет, десетици повредени
Најмалку 25 лица се повредени во големиот пожар што утринава избувна во полициска станица во североисточниот египетски град Исмаилија, пред пожарот да биде ставен под контрола, јави Ројтерс, повикувајќи се на службите за итни случаи и медиумите.
Според видеата објавени на социјалните мрежи, пожарот избувнал во зградата на градската управа за безбедност.
Нејзината причина засега е непозната. Пожарникарите се бореле со огнот повеќе од три часа пред државната телевизија да објави дека пожарот е ставен под контрола.
Извори од цивилната одбрана соопштија дека делови од зградата се урнати.
Ројтерс потсетува дека во август 2022 година во пожар во црква во Каиро загинаа 41 лице, а во март 2021 година најмалку 20 лица загинаа во пожар во текстилна фабрика во предградие на египетската престолнина. Во 2020 година, во два болнички пожари загинаа 14 лица.