
ГО ПОЧНАЛА БИЗНИСОТ НА 45 ГОДИНИ ВО ГАРАЖА: Сега е една од најбогатите жени во светот
Кога се омажила на 20 години, Индијката Мира Кулкарни (66), не се надевала дека работата на
нејзиниот сопруг ќе тргне во надолна
линија, по што следувал
период на алкохолизам. Таа се разделила од сопругот и со двете деца се вратила
во куќата на нејзините родители. Сепак, натамошниот развој на настаните
потврдува дека неволјата не доаѓа сама.
До 28-годишна возраст, Мира остана без двајцата родители,
оставена сама на себе.
Но, денес,
таа е меѓу најбогатите жени во Индија, основач и CMD на „Forest Essentials“,
еден од реномираните брендови за природна козметика во земјата, специјализиран
за ајурведа.
Но, на
вистинскиот успех чекала многу години. Откако ја омажи ќерка си, пишува indiadaily.com, Мира на 45
години и со двајца вработени почнала да работи од гаража! Прво правела свеќи и
сапуни, а потоа, во текот на 2000-тите, ја лансирала првата домашна линија за
луксузна козметика.
Таа ги собрала
состојките од регионот Техри Гарвал.
Брендот Forest
Essentials, во меѓувреме, се прошири на повеќе од 110 продавници во Индија, во
над 28 градови и неколку во странство. Има клиентела во повеќе од 300
хотели, вклучително и реномирани синџири како Таџ и Хајат, и е застапена во
речиси 150 бањи.
Мира доби
бројни признанија, меѓу кои и титулата „Најмоќни жени во бизнисот“ за Индија од
страна на магазинот Fortune. Таа, исто така, беше вклучена во листата на Kotak
Wealth Hurun – Водечки богати жени за 2020 година како една од најбогатите жени
во Индија.