
Го нарекуваат „кавијар лимон“, а веќе се одгледува и во Албанија
Во Љушња во соседна Албанија го одгледуваат најскапиот лимон на светот.
Го нарекуваат „кавијар лимон“ или „прст лимон“ (‘caviar lime’, ‘finger lime’), потекнува од Австралија и се продава по 87 евра за килограм по нарачка во познатите ресторани во Европа, објави албанската радиотелевизија. Земјоделецот Клодијан Хида првите лимони од оваа сорта почнал да ги одгледува пред пет години во село близу Љушња, а првично родот го користел тој и неговото семејство. Хида поседувал 270 корени од три подвида „лимон кавијар“. Плодот го бараат во Италија и Франција. Тој не се цеди, но се вадат влакната од него, а се користи за салати и десерти.