
Гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ се одвива непречено – излезноста до 14 часот е над 28%
Текот на гласањето се одвива во најдобар ред, во една демократска и фер атмосфера, отворени се сите 77 избирачки места а излезноста до 14.00 часот е 28,6%, рече денеска претседателката на Централната изборна комисија, Викторија Аврамовска Мадиќ информирајќи за текот на гласањето на вонредените внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ. -Во името на […]