
Германците демантираат: Хрватскиот нисколигаш нема да добие 5 милиони евра, туку двојно поналку
По Микајил Фаје во Барселона, тоа е уште еден спектакуларен трансфер за Кустошија, но изгледа дека информацијата во врска со отштетата била лажна. Германскиот весник Билд тврди дека Лајпциг ќе плати двојно помалку, односно 2,5 милиони евра што, сепак, е респектабилна сума за релативно непознат клуб во европски рамки.
Планот бил Клапија да му се приклучи на младинскиот тим на Лајпциг, но изгледа ќе прескокне едно скалило и ќе влезе директно во првиот тим бидејќи Германците сметаат дека 17-годишниот напаѓач е огромен талент.