
(ФОТОГАЛЕРИЈА) СЕ ПРОДАВА НАЈУБАВИОТ ЗАМОК ВО ПРОВАНСА ЗА САМО 18 МИЛИОНИ ЕВРА: Кој ќе го купи ќе има светски познати соседи
Ако сте фантазирале да живеете на дворец и да го имате Бред
Пит за ваш сосед, тоа лесно
може да се оствари, но секако цената
е висока. Според наводите на Дејли Мејл, најголемиот
замок во тој дел на Франција се продава во Прованса за 18 милиони евра.
Овој прекрасен објект датира од 980 година и во изминатите
15 години беше подложен на макотрпна реставрација со традиционални методи на
градба, така што реконструкцијата опфати и гипсени работи од 18 век.
Замокот се простира на 5.000 квадратни метри и има
неверојатни 120 соби, вклучувајќи 25 спални соби. Се разбира, како и секој
замок, има совршен парк распространет
на 16 хектари.
Има и три кујни, библиотека и простории за послугата. Надвор
има фонтани и статуи, како и два базени и олимписка коњичка арена.
Има поглед на совршениот регион на француска Прованса, кој е
совршено сместен на само еден час од Марсеј.
Оваа позната област привлече и многу познати личности, па
среќниот купувач ќе има светски
познати соседи: Џорџ
Клуни, Бред Пит и Џорџ Лукас.
– Ова е област каде што луѓето доаѓаат да се релаксираат и
да уживаат во југот на Франција, во близина има многу симпатични села и интересни места за
посета, како што е Клисурата на Вердон, која е опишана како Големиот Кањон на
Европа – рекол агентот за недвижнини.
Во 17 век замокот бил во сопственост на познато семејство,
додека во 18 век сопственикот го претворил во една од најлуксузните резиденции
во Прованса. Тој беше класифициран
како историски споменик во 1986 година.
ФОТО: YouTube/Print Screen