
ФОТО: Во Македонија пристигна големо количество на пустинска песок од Сахара
Во Македонија денес имавме умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и потопло време со дневни температури кои што беа во пораст.
Во текот на денот имавме проток на големо количество на пустински песок од Сахара.
Количеството во воздухот се движи во границите од 50 до 200 микрограми на метар кубен, количество кое што е доволно визуелно да се забележи, но ако некој имаше проблем со тоа, песокот на автомобилите беше очигледно присутен.
Вечерва во текот на ноќта среда кон четврток ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд.
Паралелно со врнежите во атмосферата над Македонија сеуште ќе имаме присуство на пустински песок од Сахара, иако количеството ќе се намалува и ќе се движи во границите од 30 до 100 микрограми на метар кубен.
Ова количество е сосема доволно да имаме врнежи од дожд со големо количество на песок односно нечист дожд кој што ќе биде видливо за голо око.
Во четврток во раните утрински часови врнежите од дожд ќе престануваат и во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време со пораст на температурите. Ќе дува засилен западен и југозападен ветер, а во југоисточните предели ќе дува слаб југоисточен и северозападен ветер.
Минималните температури се очекуваат кон крајот на денот и ќе се движат во интервал од 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни температури утре ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 12 односно до 23 степени.
Во петок и сабота по свежото утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 2 до 10 односно од 3 до 11 степени, во текот на денот ќе преовладува сончево и многу топло време со дневни температури кои што ќе бидат над повеќегодишниот просек за овој период од годината. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 15 до 26 односно од 16 до 27 степени.
Во недела и понеделник претежно сончево време со појава на локална облачност и надпросечно топло време. Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 11 односно од 4 до 12