
ФОТО Скопје не е бавча секој да ја ора, протест против изградбата на 17катница кај Воена болница
Педесетина луѓе на пладне се појавија на протест против изградбата на 17 катницата кај Воена болница.
Скопје не е бавча па секој да ја ора, правда пред профит, град за луѓе не за профит пишуваше на дел од транспарентите.
-Да се поништи барањето за градежна дозвола. 15 дена општината ја криела дозволата, граѓаните можеби се демотивирани мислејќи дека се е готово, но не е така. Шанса имаме да го спречиме ова, затоа бараме поголема масовност, вели Невена Ѓоргивска, советник во општина Карпош.
Во зградата ќе треба да се вселат над 2000 жители, а според присутните н протестот тоа ќе предизвика дополнителен сообраќаен метеж.
-Бараме брза реакција на сите институции. Нека ни дадат писмено дека е се легално. Со нивното молчење тие го легализираат криминалот, вели Татијана Стојановска, независен советник во општина Карпош.
Експерти запознаени со ова проблематика велат дека во близина на болницата не треба да има високи објекти зошто нема да има простор за пристап на хеликоптери до болничкиот комплекс, а тука посебна тежина се дава на оваа болница зошто е одредена како Единица за прва реакција за НАТО силите во Косово.
Организаторите на протестот „Независни за Карпош“, велат дека е крајно време да се стави крај на мафијашкото однесување и уништувањето на градот.