
ФОТО ДУИ овие министри ги предложи да бидат дел од техничката Влада
Демократската унија за интеграција до мандатарот (и нивен член) испрати писмо со кое предлага кои да бидат (старо-нови) министри во т.н техничка Влада.
Во документот се напишани имињата на Артан Груби, Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Јетон Шаќири. Нивните ресори остануваат исти како и во актуелната политичка влада која е во оставка.
Денеска се очекува мандатарот Талат Џафери предлогот за Влада да го достави до Собрание, а утре на седница која како што веќе објавивме би започнала во 11 часот ми се расправалот по истиот предлог.