
Фон дер Лајен: Сите политички сили во земјата да се здружат и да ги преземат потребните одлучни чекори за напредок!
Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен денеска пристигна во посета на Македонија. На прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски, таа ја оцени средбата како добра. „Навистина е добро да се слушне дека сте толку посветени на вашиот пристапен пат кон ЕУ. Северна Македонија постигна многу и покажавте одлучност во преземањето на секој чекор. […]