
Финансиската полиција влегува во Град Скопје, причина новогодишното украсување!
Финансиската полиција во понеделник влегува во Град Скопје.
Акцијата е во врска со набавката за новогодишното украсување на главниот град, за кое градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска информираше само дека чини 30.000 евра.
Имено, во јавноста се создаде расправа околу тоа како е украсен плоштадот, но и тоа што не бил објавен тендер.
Во однос на реакциите околу тоа како изгледа плоштадот и колку доцна е украсено, Арсовска во едно интервју порача дека не е само една елка, односно имало 7 елки.
Таа вели од следната година ќе започнела со украсување уште од 20 септември, и повторно порача дека украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој бил објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици.