
ФФМ пљачка ли пљачка – Тиквеш драстично оштетен во Тетово со непостоечки офсајд! (ВИДЕО)
Кавадарчани имаа можност за брз контранапад, речиси со двајца фудбалери излегоа пред голманот на тетовчани, но нивната акција неочекувано беше прекината од помошниот судија поради наводен офсајд. Но, снимката јасно покажува дека недозволена позиција немало и дека Тиквеш насилно бил спречен да постигне регуларен гол, кој и тоа како можел да го промени текот на натпреварот.
Шкендија победничкиот погодок го постигна само десетина минути подоцна преку Дита, во моментите кога фудбалерите на Тиквеш се уште беа во шок. Кавадарчани имаа забелешки на судењето и минатиот викенд, кога одиграа нерешено на домашен терен против Гостивар (2-2) во дуел во кој протестираа поради престрого досудениот пенал за гостите и неоправдано исклучување на двајца нивни фудбалери.