
Фенербахче со пресврт го елиминира Лугано од квалификациите за ЛШ
Лугано по само седум минути игра ја затресе мрежата на Фенербахче со голот на Мохамед Белхаџ, а радоста на гостите траеше сè до 59. минута кога Един Џеко погоди за 1-1, додека пресвртот се случи во третата минута од судиското надополнување преку Себастијан Шимански.
Фенербахче во следното коло ќе се бори против француски Лил.
Пласман во следното коло обезбедија и Спарта Прага и АПОЕЛ.