
„Европејците мора да разберат дека плановите на Путин ја надминуваат војната во Украина“: Зеленски од Давос го повика Западот на обединет фронт
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешниот самит во Давос го повика Западот на обединет фронт против рускиот претседател Владимир Путин и за посилна поддршка за Киев за Москва да не победи во војната.
Со оглед на тоа што некогаш цврстата воена поддршка на Западот за Киев сега се колеба поради политичките расправии во Вашингтон и Брисел, Зеленски рече дека Европејците мора да разберат дека плановите на Путин ја надминуваат војната во Украина, пренесува Ројтерс.
Поради неподготвеноста на Западот да и помогне на Украина и стравот од ескалација на војната со Русија, се губи време, а тоа би можело да го продолжи конфликтот за неколку години, рече Зеленски на Светскиот економски форум во Давос.
„Путин е олицетворение на војната, тој нема да се промени. Мора да се промениме. Мора да се промениме на ниво да не победи лудилото што живее во главата на тој човек или кој било друг агресор“, рече Зеленски.
Речиси две години по почетокот на руската инвазија, украинскиот претседател нагласи дека силно се противи на замрзнување на конфликтот на сегашните линии.
„Путин е предатор кој не се задоволува со замрзнати производи“, рече Зеленски во Давос, во време кога Киев повторно зазеде одбранбена позиција, откако минатата година контраофанзивата не успеа да ги пробие руските линии на окупираните територии, пишува агенцијата Ројтерс.
Поради неподготвеноста на Западот да и помогне на Украина и стравот од ескалација на војната со Русија, се губи време, а тоа би можело да го продолжи конфликтот за неколку години, рече Зеленски на Светскиот економски форум во Давос.
На маргините на форумот, Зеленски се сретна со голем број западни лидери, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан и шефот на НАТО Јенс Столтенберг.