
Европа е на потег, следните месеци ќе бидат тест за цената на гасот
Ако нема долгорочни договори, Европа ќе купува скап гас.
Следните месеци ќе бидат тест за цената на гасот во Европа поради недостигот на долгорочни договори за набавка на течен природен гас во услови на враќање на Кина на пазарот, пишува „Reuters“ во анализа.
Течниот гас им помогна на државите од ЕУ да го заменат рускиот гас од гасоводот, но купувањата генерално се вршеа на самото место. Тоа значи и повисоки цени отколку кога би биле склучени долгорочни договори. Според аналитичарите на „Eurasia Group“, европските купувачи нема да можат да се потпрат на течниот гас како замена за рускиот гас, додека овој извор на енергија го сметаат за преоден во енергетската трансформација. Пресметките на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), покажуваат дека трошоците за увоз на течен гас на глобално ниво се зголемија тројно во 2022-та година на 190 милијарди долари. Уделот на европскиот пазар за течен гас сега е 1/3 во споредба со 13 отсто во 2021-ва година. Доколку европските земји не почнат да склучуваат долгорочни договори, овој удел може да достигне 50 отсто оваа година. Аналитичарите препорачуваат Европа да почне да склучува долгорочни договори за снабдување по линијата на Кина, со цел да ги гарантира своите испораки и да постигне поповолни цени. Поради руската инвазија на Украина, Европа воведе санкции за руските енергенси и сака да биде енергетски независна од Русија.
foto freepik.com