
Есента започнува во сабота наутро
За жителите на северната хемисфера на Земјата есента започнува во сабота на 23 септември 2023 година во осум часот и 50 минути, соопшти Астрономското друштво „Руѓер Бошковиќ“ од Белград.
Тоа значи дека во сабота наутро Сонцето ќе биде во рамнината на екваторот на Земјата, односно ќе помине од северната кон јужната хемисфера на небото, така што во исто време ќе започне пролетта за жителите на јужната хемисфера на Земјата.
На денот на почетокот на есента, сонцето во Белград изгрева во 6 часот и 25 минути, а заоѓа во 18 часот и 34 минути, што значи дека денот ќе трае 12 часа и девет минути, а ноќта ќе трае 11 часа и 51 минута. .
Денот и ноќта на 26 септември ќе бидат во иста должина, се вели во соопштението.