
Елмас и Наполи во голем стил маршираат кон Скудетото – победа над Емполи (ВИДЕО)
Наполи го победи Емполи и ја зголеми предноста над Интер на +18 бодови, нероазурите имаат меч помалку.
Резултатот беше отворен во 17. минута кога Исмајли си постигна автогол и ги израдува навивачите на Наполи.
Вториот гол беше постигнат десет минути подоцна кога Осимен начека една одбиена топка и ја смести во мрежата на домаќинот.
Мари Руи во 67. минута доби црвен картон, Наполи остана со фудбалер помалку, но и покрај тоа лесно ја контролираше играта. Елмас во игра влезе во 71. минута од мечот.