
Експлозија во средно училиште, еден ученик загина, петмина се повредени! Вистински хорор (ФОТО)
Еден ученик загина, а петмина се повредени при експлозија на противпожарен апарат во средно училиште во Бангкок , соопштија локалните власти.
Според извештаите, експлозијата се случила за време на годишната вежба за пожар во училиштата Рајавинит Матајом во областа Дусит во главниот град на Тајланд, јавува Асошиетед прес.
Можно е уредот да се расипе поради изложување на сонце или топлина, изјави Ањавут Попај од фондацијата Руам Катанју, една од најголемите спасувачки организации во Тајланд.