
Експлозија на гас во ресторан во Кина, две лица загинаа, а 26 се повредени
Најмалку две лица загинаа денеска, а 26 се повредени во силна експлозија во ресторан во кинеската област Санхе, јавија државните медиуми. Се претпоставува дека причина за експлозијата е истекување на гас.
Експлозијата се случила околу 08:00 часот по локално време кога многу луѓе оделе на работа, објави CCTV.
Како што се додава, експлозијата била „во стара станбена зона“, во областа Санхе.