
Екс-фудбалер на Манчестер јунајтед ја заврши кариерата и стана поштар
Кариерата на денес 32-годишниот Белгиец започна ветувачки бидејќи во академијата на „црвените ѓаволи“ пристигна од Стандард, а го доведе Оле Гунар Солскјер кој тогаш ја водеше генерацијата до 21 година на гигантот од „Олд Трафорд“.
Две години подоцна дебитираше за Манчестер јунајтед во Лига Купот и тоа под водство на легендарниот Сер Алекс Фергусон во натпреварот против Њукасл кој Манчестер јунајтед го доби со 2-1.
Но, неговата слава не траеше долго бидејќи одигра само уште еден натпревар за Манчестер јунајтед во 2014 и тоа во дебаклот против МК Донс од 4-0. Тимот во тој натпревар беше предводен од Луис Ван Гал.
Си замина од јунајтед во 2015 година и се обиде уште во Шефилд Венсдеј и холандскиот второлигаш МВВ Мастрихт, кариерата ја заврши во третата лига во Белгија во тимот на Тес Спорт каде што игра и неговит брат Лауренс.
„Ми беше доста од професионалниот фудбал. Премногу сте зависни од тренерот. Забавата исто така беше важен фактор за мене. Како поштар морам да станувам во четири часот наутро, но сега сум дома околу ручек и секој ден можам да ги земам децата од училиште, тоа е луксуз“, објасни Вермил.