
Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани (ВИДЕО)
Тешка сообраќајна несреќа денеска се случи на експресниот пат Штип-Кочани во близина на клучката кај Крупиште. Загина едно лице од Велес.
Портпаролката на СВР Штип Гордана Панајотова потврдува дека сообраќајната несреќа се случила околу 13 часот меѓу две товарни возила со беровски и скопски регистарски таблички.
На лице место починал 62 годишен возач од Велес кој управувал со пикат со скопски регистарски ознаки.
Во интервенцијата и спасување на возачот од камионот учествувале и од Територијалната противпожарна единица Штип. Командирот Дарко Коцев истакна дека на терен излегле во 13 часот 30 минути.
„По добиената дојава во 1.30 дека на експресниот пат Штип-Кочани се случи тешка сообраќајка меѓу две возила. Шест пожарникари излегоа на терен, работевме на возилото во кое имаше повредено лице, а за жал во едно од возилата имаше починато лице, но сепак ќе причекаме да се изврши увид, а потоа ќе пристапиме кон вадење на второто лице“, изјави Дарко Коцев – командир на ТППЕ Штип.
Две лице кои се наоѓале во камионот со повреди се префрлени во болницата во Штип. Камионто превезувал жито, а во моментов нејасни се причините за трагедијата.
На експресниот пат се формираа колони долги неколку километри. Патот остана затворен до крајот на увидот.
„40 минути чекаме, јас одам за Скопје. Патот е блокиран еве има сообраќајна несреќа“, вели еден од возачите.
Од СВР Штип велат дека увидот се уште трае, а сообраќајот е во прекин. Поради несреќата, се пренасочуваат возилата по стариот пат.
Извор: М НЕТ ТВ ШТИП