
Две балкански земји имаат највисока инфлација во ЕУ
Највисока инфлација има во Словачка, Хрватска и Словенија.
Според податоците на Евростат, инфлацијата во септември била највисока во Словачка со 8,9 отсто, потоа следи Хрватска со 7,3 отсто, зад неа е Словенија со 7,1 отсто. Листата ја дополнуваат Австрија со 5,8 отсто, Италија со 5,7 отсто, Франција со 5,6 отсто и Германија со 4,3 отсто. Очекувањата на пазарот беа дека годишната инфлација во еврозоната во септември ќе изнесува 4,5 проценти. Највисока годишна инфлација има кај храната, алкохолот и тутунските производи од 8,8 отсто.
foto freepik.com/kwangmoop