
Драма во автобус на релација Петровец-Куманово
Вчера во полициската станица во Куманово, 63 годишен маж со иницијали С.Т од Куманово пријавил дека околу 16.10 часот додека управувал автобус, сопственост на фирма од Куманово, на релација од Петровец до Куманово, во близина на раскрсницата помеѓу ул.„3-та МУБ„ и ул.„Тоде Мендол“ во Куманово му бил попречен патот од патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки.
Од возилото излегле три лица кои започнале расправија со него, по што едно од лицата физички го нападнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.