
ДОБРА ВЕСТ ЗА УНГАРИЈА: Дополнителен гас ќе пристигне во текот на есента и зимата
Дополнителни испораки на гас на „Гаспром“ за Унгарија во 2023 година веќе достигнаа 1,3 милијарди кубни метри, изјави денеска генералниот директор на оваа компанија Алексеј Милер, додавајќи дека повеќе испораки ќе пристигнат во есенскиот и зимскиот период.
– Годинава дополнителното количество веќе достигна 1,3 милијарди кубни метри гас. Имаме договор дека ќе испорачаме дополнителни количини на трајна основа во текот на есенскиот и зимскиот период – рече Милер, пишува РИА.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела во Кина се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан.