
Дејвис беше на работ на заминување, но Компани ги менува работите!
Дејвис има уште една година од договорот со Баерн Минхен, а разговорите за продолжување на соработката не беа успешни, па тој требаше да биде продаден ова лето.
Но, новиот тренер, Компани побарал од раководството Дејвис да биде задржан во клубот.
Баварците сега повторно ќе седнат на преговори со Дејвис и ќе му дадат подобри услови од оние кои претходно му ги нудеа, па можно е да биде потпишан нов договор.