
Де Лаурентис: Осимен останува во Наполи освен ако дојде непристојна понуда!
Баерн Минхен, Манчестер јунајтед, ПСЖ, Реал Мадрид беа клубовите кои покажаа интерес, но никој од великаните засега нема намера да искешира најмалку 150 милиони евра, пари за кои се шпекулира дека ги бара Де Лаурентис, па останувањето на Осимен е повеќе од извесно.
„Осимен апсолутно ќе го носи овој дрес, нов со логото за ‘скудетото’, освен ако дојде многу непристојна понуда, која би не принудила добро да ја разгледаме и веројатно тогаш би го преболеле Виктор и би можеле да најдеме нови екстра-таленти“, рече Де Лаурентис.
Од Наполи засега си замина само јужнокорејскиот стопер Ким Мин Јае, кој веќе ги мина лекарските прегледи во Баерн и е пред официјална промоција, а Баварците воопшто и не преговараа за трансфер, туку веднаш ја активираа откупната клаузула од 50-на милиони евра.