
Дали Вјоса Османи со српски пасош влегла во Шпанија?
Српската премиерка Aна Брнабиќ праша дали косовската претседателка Вјоса Османи влегла во Шпанија со српски пасош.
Вели дека вчерашната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ најдобро ја опишува српската политика, а тоа е дека Белград никогаш не барал санкции за кого било, туку секогаш се трудел да мислел на својот народ и граѓаните, за да обезбеди подобар животен стандард.
Укажа дека тоа јасно се гледа од изјавата на косовската претседателка Вјоса Османи која кажа дека не сака да разговара со Вучиќ додека не му се воведат санкции.
„Тоа значи дека не ги интересира ни мир, ни стабилност, ни деескалација, туку само ги интересира да се казни Белград и тоа практично води кон понатамошна деескалација“, кажа Брнабиќ.
Шпанија не го признава Косово. Албанскиот премиер Еди Рама и хрватскиот Андреј Пленковиќ ги повикаа ЕУ и Западот да донесат мерки против Белград.
Тие најостро го осудија „насилството на српските паравоени единици на северот на Косово, како и нивното „хероизација“ од Белград, со повик до премиерите на земјите од Европската унија и Западот да донесат мерки против Србија. Во Бањска имаше престрелка меѓу вооружена група и косовската полиција, при што загина еден полицаец и четворица Срби.
foto EPA