
Дали Германија е атрактивна за експертите и претприемачите?
Германија сега е помалку привлечна за експерти и претприемачи, покажува денеска објавената студија на фондацијата Бертелсман и ОЕЦД.
„На листата од 38 земји-членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во последните години, Германија падна од 12-то на 15-то место во однос на атрактивноста за странски експерти и претприемачи кои имаат намера да лансираат старт-ап компании“, се наведува во студијата на фондацијата Бертелсман.
Германија е оценета како добро само кога станува збор за привлечноста за странските студенти. Таа е на второ место, зад САД, а како предност се наведуваат квалитетните универзитети и ниските трошоци за студирање. Сојузната влада подготвува реформа на законот за имиграција што треба да ја направи Германија поатрактивна за странските работници. Како што објави Сојузниот завод за вработување, во Германија се непополнети околу 1,8 милиони работни места. Германија ја олеснува и процедурата за добивање на државјанство.
foto freepik.com/anyaivanova