
Дали банкари помогнале жената во Црна Гора да подигне 1.3 милиони евра од туѓа сметка?
Полицијата во Црна Гора трага по жената која на 12-ти април, користејќи фалсификувани документи на клиентка од „Ловчен Банка“, од нејзината сметка подигна 1,3 милиони евра. Таа дури и двапати била во банката со лажни документи, а нејзиниот вистински идентитет сè уште не е познат.
Случајот во утринската програма на „Kurir TV“ го коментираа новинарката Јелена Јовановиќ, адвокатот Денис Бечириќ, како и проф. др. Звонимир Ивановиќ од криминалистичко-полицискиот универзитет.
„Познато е дека полицијата во соработка со банката открива дека некој знаел како се дошло до податоците на оштетената клиентка. Познато е, исто така, дека требало да дојде сопственичката на парите за со неа да разговара, како и дека ќе и бидат надоместени парите бидејќи биле осигурени“, рекла Јовановиќ.
Објаснува дека народот ова го сфатил на шега, а на жената која со измама земала толку пари, мажите почнале да нудат брак.
Бечириќ вели дека овој случај изненадува само количината на пари која е земена, а дека самиот начин на измама не необичен како во светот, така и во Црна Гора. Тој рече дека треба да се види дали некој од банката е вмешан во случајот.
„Кражбата на идентитет практично се сведува на лажно претставување. Тој вид на кривични дела постоеле и пред интернетот. Од кога постои индентитетот, постојат и обиди тој да се украде, односно некој од одредени мотиви да се претстави како друг“, вели тој.
Наведе дека банкарите требало да ги проверат документите и да се види дали се фалсификат или не, но тука слуѓбениците затаиле.
Како што пишуваат црногорските медиуми, филмската измама била откриена на 13 април, кога Будванка М.О дошла да се пожали во банката дека не барала да ѝ се исплатат парите што ги чувала кај нив. Истрагата ја покрена самата банка која ги проверува сите вработени кои имале контакт со осомничената.