
Ципрас на гости кај Заев: Се потсетуваме на нашите заеднички напори и придонеси кон мирот и стабилноста на Балканот
Поранешниот премиер Зоран Заев денеска го пречека екс премиерот Алексис Ципрас во Струмица.
Тој објави фотографија со него и му посака добредојде!
„Добредојде во Струмица за другарот Алексис Ципрас кој денеска ми е на гости во приватна посета. Се потсетуваме на нашите заеднички напори и придонеси кон мирот и стабилноста на Балканот и разговараме за предизвиците пред кои регионот е денес исправен. Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција 🇲🇰 🇬🇷 и моето другарство со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности“, напиша Заев.