
ЦЕЛТА НА БРИКС Е ДА ИМА ПОВЕЌЕ ЧЛЕНКИ: Работат на развој на платформа за порамнување во национални валути
БРИКС и натаму планира да го зголеми бројот на членки. Земјите од БРИКС активно работат на развој на платформа за порамнување во национални валути.
На состанокот на министрите за надворешни работи на БРИКС во Нижни Новгород, рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров ги истакна активните напори на земјите-членки на БРИКС за развој на платформа за меѓусебно трговско порамнување во национални валути. Лавров нагласил дека интензивно се работи на спроведување на одлуките донесени на минатогодишниот самит во Јоханесбург, особено во однос на подобрувањето на меѓународниот монетарен и финансиски систем. Русија е фокусирана на зголемување на улогата на земјите-членки на БРИКС во меѓународниот монетарен и финансиски систем и на развој на меѓубанкарската соработка и трансформација на меѓународниот платен систем. Сега БРИКС се состои од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, а Египет, Иран, ОАЕ и Етиопија станаа членки претходно оваа година. Турција сака да биде дел од БРИКС, а Аргентина одби иако имаше понуда.