
ЦЕЛОСЕН ХАОС ВО ПАРИЗ Гневни земјоделци запалија магацини, мобилизирани 15.000 полицајци, а на улиците изнесени оклопни возила: Макрон закажа итна средба со Фон дер Лајен поради протестите
Според полициски извори, околу 10.000 земјоделци со 5.000 машини денеска се мобилизирани на улиците на Париз поради протестите на фармерите, додека локалните медиуми јавуваат дека конвојот фармери, кој се движи кон Рунгис, не се плаши од оклопни полициски возила.
Конвојот од Аген тргна кон Рунгис, со околу 200 возила на патиштата и покрај наводите дека може да наидат на оклопни возила, земјоделците велат дека не се плашат.
-Жандармите не поддржуваат цело време, тие се со нас. Конвојот се движи за да се слушне нашиот глас. Не сме тука да го нервираме населението, туку одиме рака под рака со нив – изјави Жан-Пјер Лабо, одгледувач на жито.
Беше мобилизиран голем број полицајци
Според тамошните медиуми, на територијата на протестот биле мобилизирани речиси „15.000 полицајци и жандарми“, со цел да се спречи ширењето на учесниците во соседните градови, но и „да се спречи понатамошна тензија“.
Министерот за внатрешни работи ги повтори упатствата за „голема умереност“ дадени на полицијата, каде потсети и на „разбирањето“ на Владата за движењето на земјоделците.
Како што може да се види на видеата, опожарен е дел од магацинот на продажен синџир во близина на Ним во јужна Франција. Не се знае дали учесниците на протестот се одговорни за пожарите.
Денеска заврши средбата на земјоделските синдикати FNSEA и „Juenes Agriculteurs“ со премиерот Габриел Атал, со цел да се постигне договор за решение на кризата. Средбата траеше повеќе од три часа.