
Бритиш Петролеум бележи РЕКОРДЕН ПРОФИТ: Двојно во 2022 година
Една од
најголемите нафтени компании во светот, Бритиш Петролеум, во вторникот објави
рекордна годишна добивка, повеќе од двојно зголемување на вкупната добивка од
минатата година. Причината е значителниот скок на цената на фосилните горива по
руската инвазија на Украина, вели Милан Хорват од ФИМ.
Британскиот
енергетски гигант забележа рекорден нето профит на сите времиња од 27,7
милијарди долари во 2022 година, што е повеќе од двојно во споредба со 12,8
милијарди долари претходната година. Бритиш Петролеум објави дека нивниот претходен рекорден
годишен профит бил 26,3 милијарди долари во 2008 година. Во четвртиот квартал
од 2022 година, компанијата објави нето добивка од 4,8 милијарди долари, тесно
надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите од 4,7 милијарди долари.
Бритиш петролеум
исто така, објави дополнителен откуп на акции во вредност од 2,75 милијарди
долари, што очекува да го заврши пред резултатите од првиот квартал 2023 година
на почетокот на јули. Исто така, ја зголеми дивидендата за +10 проценти на 6,61
центи по акција, според Фима.
И Шел бележи
рекорден профит
Шел, нафтениот и
гасниот гигант, забележа рекорден годишен профит од 40 милијарди долари и
најави нова програма за откуп на акции вредна 4 милијарди долари, што
дополнително го поттикна растот на акциите.
Фото: unsplash
Извор: блиц