
Брегалница ќе се засили со српски дефанзивец
Филиповиќ доаѓа од редовите на литвански Ритериаи, а претходно играше за Спартак, Раднички, Подгорица и други српски екипи.
„Во текот на денешниот ден во Штип на потпис ќе пристигне Стефан Филиповиќ, српски играч кој доаѓа од литвански Ритериаи, а претходно настапуваше во повеќе српски клубови. Има 29 години и игра во дефанзивната линија“, соопшти Брегалница.