
Божиќна честитка од Сања Божиновска: Празник на светлина и добрина
Во духот на празничната атмосфера, министерката за
енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, им се обрати на
граѓаните со искрени честитки по повод Божиќ, упатувајќи порака за љубов,
сплотеност и поддршка. Таа ја истакна важноста на овој голем христијански
празник како потсетник на темелните вредности на човечноста и заедништвото,
нагласувајќи дека Божиќ е време за отворање на срцата и домови, споделување
радост и подавање рака на оние на кои им е потребна утеха.
-Во духот
на еден од најголемите христијански празници – Божиќ, дозволете ми од мое лично
име и во име на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини,
да упатам искрени честитки до сите граѓани кои го слават денот на Христовото
раѓање.
Божиќ е празник кој нè потсетува на темелните вредности на
верата и човечноста – љубовта, солидарноста, разбирањето и сплотеноста. Тоа е
време кога ги отвораме нашите срца и домови, споделувајќи радост и топлина со
нашите најблиски, но и подавајќи рака на оние на кои им е потребна поддршка и
утеха.
Во ова време на духовна радост, нека Божиќ биде инспирација
за сите нас да продолжиме да градиме заедничка иднина врз основите на почитта,
единството и меѓусебната помош. Да го негуваме семејството како столб на
општеството и да ги засилиме вредностите на заедништвото кои се од исклучително
значење за нашата заедничка благосостојба.
Нека домот на секој верник биде исполнет со мир, благослов и
надеж, а празникот донесе светлина и добрина во сите аспекти од животот.
Христос се роди!