
БИЗАРНА НЕСРЕЌА: Двократниот европски шампион возел низ градот, контејнерот се скршил и паднал врз неговиот автомобил
БРАЈНТ ДАНСТОН, американски кошаркар кој од 2015 година игра за Анадолу Ефес и со тој турски клуб беше двократен европски шампион, доживеа и преживеа бизарна несреќа додека возел автомобил во Истанбул со полесни повреди. Данстон возел автомобил зад камионот кога контејнер се откачил од возилото пред него и паднал врз неговиот автомобил.
Предниот дел на автомобилот во еден миг бил целосно згмечен, но за среќа на 36-годишниот кошаркар во несреќата не е тешко повреден. По несреќата, кошаркарот бил пренесен во болница и бил подложен на тестови. Поминал со полесни повреди на рацете.