
Бесир Шабани именуван за член на Надзорниот одбор на М-НАВ
Бесир Шабани е назначен како член на Надзорниот одбор со Одлука на Владата донесена на 20 мај 2025 година. Записникот од Собранието на акционерите е заверен од нотарот Методија Ристовски, а постапката за упис е завршена денеска.
М-НАВ e во државна сопственост и управува со воздушниот сообраќај и дава услуги во воздушната навигација.
Шабани живее во Скопје и во регистарот е заведен како член на Надзорниот одбор, без посебни овластувања.
М-НАВ АД Скопје располага со основна главнина од над 25 милиони евра, составена од 1.552.034 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари по акција.
Денеска Обвинителството поднесе Кривична пријава против поранешен директор и в.д. раководител во М-НАВ – сомнежи за злоупотреба и штета од 1,5 милиони денари.