
Бектеши не верува дека има зголемување на цените: Ги повика граѓаните да се жалат за високите сметки за струја
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес конференција посочи граѓаните да се жалат доколку сметаат дека има некоја грешка во однос на сметките за електрична енергија.
„Јас не верувам дека има зголемување на цените повеќе од тоа што го утврди Регулаторната комисија за енергетика, но граѓаните секогаш имаат право на жалба. Ги повикувам, ако мислат дека има некоја грешка или злоупотреба, секако да пријават и тоа ќе се среди веднаш“, порача Бектеши.
Тој додаде и дека корекција на сегашната цена нема да има до 1-ви јуни, бидејќи законски цената на струјата се одредува двапати годишно.
Инаку, во декември лани министерот Бектеши рече дека со новата методолгија корисниците од првиот и вториот блок може да очекуваат намалување на сметките за струја и покрај новата давачка за пристап до мрежата.