
„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ
Зборувајќи за пристапот на претходната Влада предводена од СДСМ кон странските инвестиции, Битиќи истакна дека ништо не се објавуваше во јавноста пред да биде извесно и институционално завршено.
„Има многу низа на шпекулација околу кои се Алказар енерџи, дали позади стои кинеската државна компанија за енергетика, дали е некој друг тоа не можеме да го знаеме. Кога ќе кажете дека државата треба да ја направиме од увозник во извозник и дека оваа инвестиција ќе донесе 100 милиони евра во БДП, што тоа значи за граѓанинот, дали целата енергијата која ќе биде одземена на граѓаните, ветерот, природните ресурси, ќе биде извезена некаде. Дали тоа не е контрадикторно со тоа што го стремиме, а тоа е потрошувачката на граѓаните да се задоволи со домашното производство“, рече Битиќи и посочи дека не може да се препознае како е заштитен јавниот интерес.
Пратеникот Битќи истакна дека станува збор за суштинска разлика во пристапот кон странските инвестиции, кога Владата од СДСМ преговараше со стратешки инвеститори, секогаш се обидуваше да гарантира заштита на јавниот интерес, нешто што не е се случува сега.