
Апелацискиот суд во Штип утре ќе ги соопшти одлуки за жалбите на осомничените за пожарот во Кочани
Апелацискиот суд во Штип утре ќе ги соопшти решенијата по жалбите на лицата осомничени за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Оттаму велат дека постапуваат по 17 жалби за изречени мерки „притвор“, „куќен притвор“ и мерки на претпазливост поднесени од лица опфатени со истрагата за пожарот. Три жалби се пристигнати во петокот, а денес 14 жалби.
– Штипска Апелација утре ќе ги објави одлуките за притворските предмети за Кочани. Многу жалби има, а само тројца судии се за такви предмети, велат од Штипска апелација.