
Јан Рајт полуде по голот на Арсенал – се фрлаше на кревет, на под…! (ВИДЕО)
Арсенал кој по долго време се бори за титулата во Премиерлигата, одигра луд меч против Борнмут. Топчиите губеа со 0-2, направија луд пресврт, победија со 3-2, со гол на Нелсон постигнат во 97. минута.
Брзо по мечот се појавија видеа од Јан Рајт како му се израдува на голот на Нелсон. Постираше Гери Линекер, но објави и самиот Рајт. Победата очигледно многу му значеше.