
Аморим не е задоволен од напаѓачите, во јануари тргнува по – Осимен
Се потврдуваат тезите на англиските аналитичари кои велеа дека во Јунајтед нема ниеден фудбалер од светски калибар и тоа е основната причина што „ѓаволите“ во моментов се далеку од врвот на табелата во Премиер лигата. Да биде иронијата поголема, последните години се инвестирани многу пари во засилувања кои требаше да го вратат тимот на шампионските патеки.
Тоа особено важи за нападот каде лани беше донесен Хојлунд, а годинава Зиркзе, но ниеден од нив не успева да се наметне како лидер во офанзивата. Поради таквата ситуација, Аморим инсистира во јануари клубот да се обиде да донесе нов играч, а негова желба е Виктор Осимен.
Нигериецот по заминувањето од Наполи се пресели на позајмица во Галатасарај, но во неговиот договор има клаузула според која може да се прекине соработката и тој да направи трансфер на Олд Трафорд. Оваа сезона тој игра одлично во турското првенство каде на 13 натпревари постигна 10 гола и 5 асистенции.