
Алкараз, Медведев, Циципас – сите во осминафиналето!
Првиот носител, Карлос Алкараз од Шпанија делуваше дека ќе има лесна победа против Чилеанецот Николас Јари откако го освои првиот сет со 6-3 за 40-тина минути, но противникот покажа уште посилен отпор и го освои вториот во тајбрејк, со 8-6. Тоа беше доволно за Алкараз да биде предупреден и со 6-3,7-5 да го заврши натпреварот и да се пласира во четвртфиналето. Таму ќе го чека победникот од дуелот Александар Зверев – Матео Беретини.
Третиот рекет, Данил Медведев само вторпат во кариерата успеа да се пласира во втората недела од Вимблдон, победувајќи го Мартон Фучович од Унгарија исто така со 3-1, со пресврт (4-6, 6-3, 6-4, 6-4). Следен ривал ќе му биде Јиржи Лехецка од Чешка.
По двата маратонски меча во пет сета од стартот на Вимблдон, конечно можеше да здивне петтиот носител, Стефанос Циципас, бидејќи со 6-4, 7-6, 6-4 го победи Ласло Ѓере од Србија и се избори за четвртфинален дуел со Кристофер Јубенкс од САД.