
8 часа „најголем ИТ колапс во светот“: Сè запре, аеродромите и медиумите беа блокирани, а причината разбесни милиони
Огромните технички проблеми предизвикаа колапс ширум светот, кој вклучуваше прекини во работењето на аеродромот, откажани летови, тешкотии во емитувањето медиумски содржини, како и прекини на банкарските и здравствените услуги. Компанијата за сајбер безбедност Crowdstrike призна дека проблемот е предизвикан од ажурирање на нејзиниот антивирусен софтвер, дизајниран да ги заштити уредите на Microsoft Windows од напади. […]