
24 години од масакрот на припадниците на безбедносните сили во Вејце
Денеска се навршуваат 28 години од масакрот на осумте припадници на македонските безбедносни сили помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Брезовица.
Настанот се случи на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата, а убиени беа четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).
При овој напад, повредени беа и шестмина припадници на безбедносните сили.