
20-годишна девојка почина од грип на Инфективна, имала коморбидитети и не била вакцинирана
На Инфективната клиника во Скопје починала 20-годишна девојка како последица на грип, објави денеска ТВ Канал 5.
Оттаму, повикувајќи се на информации од Клиниката за инфективни болести, соопштија дека од почетокот на сезоната на грип ова е седми смртен случај, како и дека девојката имала коморбидитети и не била вакцинирана против инфлуенца.
„Девојката била префрлена од Клиниката за хематологија, но без да се прецизира за која хематолошка болест била испитувана. Таа не била вакцинирана“, пренесува Канал 5.