
0 денари одговори Пендаровски на прашањето од ВМРО-ДПМНЕ за трошоци за анкети и стратези
Од ВМРО-ДПМНЕ утрово го повикаа Стево Пендаровски да одговори колку државни пари се потрошени за анкети и промоција.
„Велеше дека нема да се користат државни ресурси во неговата кампања, за сега да бидеме сведоци дека вицепремиерот Маричиќ со службено возило дојде да се потпише за кандидатурата на Пендаровски, па дури и самиот Пендаровски се појави на промоција на проект кој нема никаква врска со неговите досегашни надлежности и искористи службено возило за да оди на отворање на штаб на СДС.
Од Медиа центарот на кандидатот и актуелен претседател Пендаровски се јавија со кратка реакција по повод соопштението.
„Во врска со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ повелете одговор. „0 денари”.