
Емре Џан даде гол од половина терен и ја бакна црната лента во чест на жрвите од земјотресот (ВИДЕО)
Борусија Дортмунд го продолжува патот во Купот на Германија откако вечерва „милионерите“ славеа со 1-2 против Бохум.
Првиот гол падна на необичен начин, голманот на домаќините лошо расчисти една топка а Емре Џан од половина терен успеа да ја затресе мрежата.
Фудбалерот од средниот ред, кој има потекло од Турција, потоа емотивно прослави и ја бакна црната лента на ракавот во чест на жртвите од земјотресите во Турција и Сирија.