
Емоциите на најсилно: Хрватот Ракитиќ се изнаплака на разделбата со Севилја (ВИДЕО)
Тој од Андалузија беше испратен како легенда, а од клубот му се заблагодарија и му порачаа – Ова не е збогум, туку само до следно видување. Хрватот е тажен што мора да си оди, но по доаѓањето на тренерот Кике Санчес Флорес падна во втор план и најдобро решение за сите беше да ја прифати понудата на Саудијците.
На Ракитиќ не му се допадна што клубот застана на страна на тренерот и му порача дека слободно може да си оди. И покрај тоа, Ракитиќ во повеќе наврати не можеше да ги сопре солзите, покажувајќи дека ептен емотивно го преживува трансферот од клубот за кој одигра 323 меча. На крајот, тој потенцира дека сигурно ќе се врати во Севилја, но не како играч.
