Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Еминентни имиња, експерти со долгогодишно искуство – Формирано првото СОВЕТОДАВНО тело во Министерството за енергетика
Економија

Еминентни имиња, експерти со долгогодишно искуство – Формирано првото СОВЕТОДАВНО тело во Министерството за енергетика

13/06/2025

AA

По иницијатива на министерката Сања Божиновска, во Министерството за
енергетика, рударство и минерални суровини е формирано Советодавно тело
составено од еминентни имиња од академската заедница, експерти и интелектуалци
со долгогодишно искуство во областа на енергетиката, рударството и одржливиот
развој.

Ова тело има консултативна функција и ќе обезбедува стручна поддршка и
мислење во процесот на креирање и унапредување на енергетските и рударските
политики, со фокус на националната енергетска транзиција, подобрување на
регулативата, инвестициската рамка и безбедноста на снабдување со енергија и
минерални суровини.

Целта на Советодавното тело е да се обезбеди дополнителна експертиза и
поширока перспектива при носењето на важни стратешки одлуки и реформи.
Членовите на телото ќе имаат улога и во анализа на клучните предизвици,
изработка на предлози и укажување на добри практики, како и во поттикнување на
јавна и научна расправа за развојот на овие сектори.

„Го формиравме ова тело со цел Министерството да има континуиран пристап
до експертско знаење и критичка мисла, втемелена во научни и практични основи.
Верувам дека овој пристап ќе придонесе за поквалитетни политики и поодржливи
решенија за иднината на енергетиката и рударството во државата“, истакна министерката Божиновска.

Членовите на Советодавното тело ја одржаа и првата конститутивна
седница. Ја поздравија идејата и ја оценија како значаен и визионерски чекор,
истакнувајќи дека ја ценат иницијативата на министерката која препозна дека
нивната експертиза не само што може да и помогне на државата, туку и да ја
унапреди и подигне на уште повисоко квалитетно ниво.

На првиот состанок произлегоа многу идеи за новини во секторите и
подобрување на состојбите. Советодавното тело ќе се состанува на редовни
состаноци, но и по потреба во фокусирани тематски експертски групи за одделни
проекти или специфични потреби.

Сите членови на Советодавното тело изјавија дека ѝ стојат на располагање
на државата, и тоа без никаков надомест, секогаш кога ќе биде побарано нивното
учество.

Во првата фаза, членовите на телото ќе му помогнат на Министерството при
изработката на подзаконските акти кои треба да го дорегулираат обемниот нов
Закон за енергетика.

Министерството
ги вреднува и цени знаењата и искуствата на нашите експерти. Само преку
инклузивен пристап и со вклученост на сите релевантни чинители, можат да се
креираат одржливи решенија што вистински ќе придонесат за развојот на нашата
земја.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy